Политика за достава на производи

Производи нарачани по електронски пат, се испорачуваат од страна на нашите специјализирани партнери за достава на адресата која е наведена во порачката.

Нарачките пристигнати до 12.00 часот се предаваат на Пост експрес истиот ден. Нарачките пристигнати после 12.00 се предаваат на Пост експрес следниот ден.

Временската рамка на доставување на производите е од 8:00 до 16:00 часот секој ден, освен недела.

Времетраењето на достава на пораќките испораката е 1-3 работни дена од приемот на нарачката на нашата интернет страница, на адресата наведена при комплетирањето на нарачката. 

Купувачот има право да ја откаже планираната нарачка најмалку 6 часа пред подигнувањето на пратката од страна на компанијата која врши достава.

Во случај доставата на нарачката да не може да биде реализирана поради отсуство на лице кое може да ја прими истата на адресата наведена за достава, ALLVEGAN ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦАТА го задржува правото да го одреди терминот и да ја организира доставата на нарачката под свои услови, во следен разумен рок. Купувачот ќе биде известен за следниот термин за достава најмалку 6 часа пред доставата на смс или е-мејл адресата која е искористена за правењето на нарачката.

Производите на ALLVEGAN ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦАТА се спакувни во соодветна транспортна амбалажа, овозможувајќи соодветна заштита од надворешни влијание и избегнување на ризикот од намалување на квалитетот на производите за време на транспортот.

Трошоците за достава на производите се одредуваат согласно ценовникот на Пост експрес кој е достапен на следниот линк https://postexpress.mk/cenovnik/.

Tрошоците за достава на територија на град Кавадарци се вршат од страна на GREEN HOUSE, според тарифи дефинирани од компанијата за достава и тежината на пратката.

Трошоците за достава се пресметуваат автоматски според ценовникот на Пост експрес и збирот на Бруто тежина на нарачката. Бруто тежината на секој производ според која се врши калкулацијата на трошокот за достава е истакната за секој производ понуден на ALLVEGAN ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦАТА.

Нарачките можат да бидат подигнати без трошок за достава на следните локации: GREEN HOUSE Shake Shop, ул Илинденска бр.83, Кавадарци.

ALLVEGAN ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦАТА го задржува правото за наплата на понизок трошок за достава, кога порачката е поголема од 2.000 денари.