allvegan.mk е онлајн супермаркет во сопственост на ЕКО ГРУП ОЦП дооел, Кавадарци.Со овие Општи правила и услови за користење се дефинираат правата и обврските за користење на интернет платформата www.allvegan.mk и нејзините услуги. Продажбата преку www.allvegan.mk овозможува целосна онлајн нарачка, купување, плаќање и испорака нa производи преку www.allvegan.mk до крајниот купувач.
За секој посетител или купувач којшто ја користи платформата www.allvegan.mk и стапува во деловен однос со ЕКО ГРУП ОЦП дооел. Притоа се применуваат позитивните законски прописи во Република Северна Македонија од областа на електронска трговија, трговија, заштита на потрошувачите и заштита на личните податоци.
Со самиот пристап на www.allvegan.mk и при нарачка на производите, се согласувате дека ги прифаќате условите allvegan.mk интернет продавницата. Исто така ги задржува правата за промена на правилата и условите во секое време и во таков случај, allvegan.mk интернет продавницата се обрзува дека на својата интернет страница ќе објавува информации наменети за купувачите, во случај на промени.
Откако ќе се направи избор на производите коишто купувачот сака да ги нарача, и се избере количината и местото на достава, се пристапува кон плаќање. Плаќањето може да се изврши со платежна картичка или уплата преку банкарска сметка.
Откако ќе се комплетира нарачката по приемот на уплатата ќе ве контактира нашиот тим за достава. Доставата се врши според нашата политика за достава.
Секој посетител може да биде купувач. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката. При нарачката задолжителни се податоците за контакт, како и податоци за адресата за испорака.
Во случај кога купувачот ќе избере можност да биде регистриран корисник на allvegan.mk интернет продавницата, добива значителни поволности во врска со посебни цени, специјални акции и промоции во текот на една календарска година.
Со оглед дека плаќањето е целосно електронски и безготовински, allvegan.mk интернет продавницата до купувачите не доставува фискална сметка согласно законските прописи.
allvegan.mk интернет продавницата го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на друштвото. При корекција на цените корисниците ќе бидат известени.
Секој производ има соодветна декларација согласно законските прописи.
Производите кои се дел од одредена акција или се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини постои можност да бидат откажани. allvegan.mk интернет продавницата го задржува правото да ја одбие секоја нарачка во услови кога купувачот ги нарушува правилата на планираната акција или промоција.
allvegan.mk интернет продавницата го задржува правото да го измени времетраењето на секоја акција или промоција на производи во секое време.
allvegan.mk интернет продавницата се обврзува да им помага на купувачите во врска при изборот, да им нуди корисни совети, да ги известува за новитети, акции и да ги отстрани сите дефекти и неправилности. За таа цел allvegan.mk интернет продавницата има телефонска корисничка поддршка, достапна во текот на работното време, исто така на е-мејл, при што купувачот ќе биде контактирани во најбрз можен рок. allvegan.mk интернет продавницата го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува производи или услуги или да воведува нови услови или производи и/или услуги без претходно известување.